Имам нешто да те прашам

Јоце Панов: За Нова година се чувствувам како Дедо Мраз

Новогодишни прашања за нашиот популарен македонски поп пејач…

Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува дочекот на Нова година?

Јоце: Секогаш пред Нова година се чувствувам како Дедо Мраз, бидејки сите овие празници ми поминуваат во пеење и веселејќи ја публиката, така да јас сум Дедо Мраз за нив. Инаку преубаво е чувството за новогодишните празници, се е во движење, сите се насмеани, весели, среќни…

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?

Јоце: Купувам гардероба за себе, бидејќи имам премногу настапи и гостувања на тв, купувам подароци за најблиските, особено за моите внучиња кои најмногу се радуваат на Новата година и на Дедо Мраз.

Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?

Јоце: Ништо посебно, како и секоја година, едноставно сфаќам колку бргу поминува времето од една до друга година и ми е криво.

Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш новата 2013-та година?

Јоце: Како и секоја година во дискотека на настап, да се веселиме заедно со мојата публика и секоја година имам чест да ги одбројувам последните 10 секунди од старата година и прв да им ја честитам новата со некоја убава песна.

Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме дека е песна на годината?

Јоце: Промоцијата на мојот втор албум “Огнени печати” која се одржа на 19.03.2012 во хотелот “Александар Палас”, и потпишувањето на договорот со Сити Рекордс за издавање на албумот “Ватрени печати” за Србија, Црна Гора и Босна. Песна што многу добро помина во 2012 година во Македонија е “Око мое зелено”, а надвор од МK “Нисам више тај”

Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што би сакал да ти се остварат во текот на идната година, нешто што досега не ти се случило?

Јоце: Имам премногу желби што сакам да ми се исполнат и за кои живеам, но сакам во 2013 да ми се исполнат барем дел од нив, инаку не брзам никаде, сакам се во свое време, се што е за мене ќе си дојде.

Музика24: И за крај, што би им посакал во новата 2013-та година на нашите интернет читатели, а воедно и на твоите фанови и обожаватели?

Јоце: Да бидат среќни, несмеани и кога не им се смее, да читаат Музика24, бидејки тука има се за нашата македонска естрада, да слушаат македонска музика и да се сакаат и почитуваат  меѓу себе.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: