Имам нешто да те прашам

Пивофест 2013: Данијела Мартиновиќ со голем концерт во почетокот на 2014 година (Фото)

На трета вечер од овогодинешното единаесето “Пивофест” издание на фестивалската сцена настапи и познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ која со својата музика каде и да оди ги полни салите, а во нашиот случај го преполни прилепскиот плоштад. По својот настап таа имаше прес за новинарите, бидејќи поради обврските таа мораше да замине за Хрватска. Што изјави Данијела, прочитајте во продолжение…

Музика24: Како сте задоволни од вечерашниот настап на “Пивофест”?

Данијела Мартиновиќ: Јас не сум задоволна, бидејќи зборот “задоволна” е премал збор за она јас како се чувствувам вечерва. Прв пат да си во Прилеп и да доживееш ваква енергија, толку многу љубов… тоа верувајте нема цена. Јас навистина вечерва реков дека сум најбогата жена на светот, и тоа не е без врска, навистина така се чувствувам.

Музика24: Што значи за Вас учеството на ваков фестивал?

Данијела Мартиновиќ: Се чувствувам пресовршено, се надевам дека барем уште неколку пати ќе бидам гостинка тука, бидејќи ова е незаборавно.

Музика24: Се навративте на хитовите од времето на “Магазин” па се до Вашите најнови хитови. Минатото лето подаривте еден навистина голем хит кој што трае веќе цела година “Бродолом”?

Данијела Мартиновиќ: Знаете што, сакав да направам репертоар на песни како присутните би знаеле што се имам направено во живототи да ги задоволам речиси сите, од млади до оние постарите. А “Бродолом” и “Распашој” се моите две последни песни, и морам да бидам да бидам искрена дека сум премногу изненадена од тоа како сите тука знаат да ги пеат.

Данијела Мартиновиќ на настап на "Пиво фест 2013"Музика24: Што ново Данијела подготвува?

Данијела Мартиновиќ: Пред малку ја отпеав мојата нова песна “Капучино”, снимам и спот и наскоро ќе биде и промоцијата.

Музика24: Кога можеме да ја очекуваме Данијела со концерт во Македонија?

Данијела Мартиновиќ: Кон почетокот на следната година, да, тогаш го подготвувам концертот… Толку многу сакам да дојдам и да направам голем концерт во Македонија.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: