Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Горан Милошески – По “Охрид фест” најавувам нов албум

По “Макфест 2013” кога познатиот македонски поп пејач Горан Милошески настапи со дуетската песна “Сенка” заедно со тв водителот Огнен Јанески, на престојниот “Охрид фест” во поп вечерта тој ќе настапи со песната “Чекав”. За оваа песна тој заедно со познатиот текстописец Огнен Неделковски ја спакуваа интересната и љубовна приказна која на 22-ри ќе имате ретка привилегија да ја слушнете во живо.

За новата песна, настапот на “Охрид фест”, идните планови… поразговаравме токму со него, со Горан Милошески, а што тој одговори на нашите прашања прочитајте во продолжение.

Музика24: Која беше инспирацијата да ја создадеш оваа интересна и летна песна, знајќи го фактот дека сме едни од малкуте кои ја имаат слушнато фестивалската песна пред нејзиното официјално претставување?

Горан Милошески: Текстот како што веќе знаете е на Огнен Неделковски, а инспирацијата е едно мое минато кое заврши минатата година. Музиката си дојде сама по себе. Сакав да направам нешто што досега во македонската забавна музика го немало, односно, корзиција со скокови на повеќе акорди. Цела строфа е со голем скок, а тоа досега не се случило кај нас, па дури и пошироко. И токму затоа оваа корзиција се одликува со сосема различен карактер од другите.

Музика24: Огнен Неделковски е “виновник” за тектот, но дали Горан во реалниот живот навистина чека некоја посебна личност, дали си заљубен?

Горан Милошески: Да… Барем сум искрен не лажам хехехе (се смее)

Goran MiloseskiМузика24: Подолго време те немаше на фестивалите. Минатата година се појави со тв водителот Огнен Јанески и имавте еден вистински перформас, ако може така да се рече, на минатогодишниот “Макфест” со песната “Сенка”. Дали со појавувањето на “Охрид фест” го најавуваш твоето конечно враќање на македонската музичка сцена и секако со самото тоа и низа нови проекти?

Горан Милошески: Да, во идниот период ќе ме има почесто на македонската музичка сцена. Инаку, уште сега ексклузивно за Вашиот музички портал Музика24 најавувам дека во текот на следниот месец ќе излезе мојот нов студиски албум “Никој и ништо”, а истовремено ќе го промовирам видео спотот за песната “Чекав” кој деновиве се снима.

Музика24: Велиш деновиве се снима спот за песната што ќе ја исполниш на “Охрид фест”. Кажи ни, кој го реализира спотот и секако дали истиот ќе има можеби некоја љубовна приказна, кој учестува во истот и… повеќе ако можеш да ни откриеш ексклузивно за нашиот музички портал.

Горан Милошески: Спотот се снима во соработка со Cut продукција, а режисер е Томе Власевски – Кубата кој ја знае целата љубовна приказна. Во оваа прилика нема многу да откривам, освен дека станува збор за тоа дека јас ја чекам девојката на мојот живот.

Музика24: После долго време настапуваш на “Охрид фест”, што очекуваш оваа година од твојот настап и самиот фестивал?

Горан Милошески: Да, во право сте. На “Охрид фест” последен пат настапив во 2002-та со песната “Неверна да бидеш”. Инаку, оваа година не очекувам ништо посебно, освен мојата песна да помине одлично кај публиката и истата да биде прифатена од поширокиот аудиториум.

Музика24: Дали е можно во идниот период да слушнеме интересна комбинација од забавна и фолк музика преточена во една песна, односно дует со некој познат фолк изведувач?

Горан Милошески: Во план сум тоа да го направам и веќе сме договорени со фолк пејачот Мишко Крстевски. Чекам да се врати од летните свирки и тогаш ќе го реализираме снимањето, се надевам дека ќе биде еден нов интересен хит помеѓу фолкер и забавњак хехехе (се смее)

Goran Miloseski_Misko KrstevskiМузика24: И како за крај на овој наш мал краток, но сепак интересен разговор, како ќе ги поздравиш сите твои фанови и сите оние кои што очекуваат нешто ново од тебе?

Горан Милошески: За крај ќе кажам дека на самиот албум ќе има многу нови композиции со исто така интересни текстови и аранжмани, каде што секој ќе може да се пронајде во нив и да ужива. За секоја композиција во план е да се снима видео спот до крајот на годинава, а планирам да започнам и со секојдневни настапи низ Македонија. Решен сум целосно да се посветам на моите фанови и да им подарам преубава музика. Воедно, од септември излегуваат неколку нови проекти од моето студио, меѓу кој ќе биде и големиот прокет на Борис Цветановски.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: