Имам нешто да те прашам

Се ближи “крајот на светот”, како познатите македонски јавни личности ќе го поминат “последниот” ден

Веќе сите медиуми со месеци и месеци не опркужуваат и речиси секојдневно не замараат со едно та исто, се ближи крајот на светот, леле што ќе правиме! Музика24 се вклучува, на некој начин, во оваа кампања и прашавме дел од нашите познати фаци од музичката естрада и оние кои се на овој или оној начин поврзани со неа. Што тие ни одговорија на нашето прашање поврзано со “крајот на светот”.

Остануваат уште 24 часа до “крајот на светот”, и час по час времето поминува. Да претпоставиме дека тоа ќе се случи, иако ние не веруваме во тоа, но… Како последен ден, денес 20-ти декември, што се би сториле во текот на овој ден? Како би го дочекале тој момент?

Зои Блаж – Поп пејачка: Хахаха, иако не верувам во тоа, би седела со пријателите, би се изнажуркала, би им се заблагодарила на моите родители што секогаш за било што ме подржувале.

Денис Екс – Рапер: Ќе опјачкам банка, барем богат да умрам хахахаха 🙂

Јана Стојановска – Актерка: Хахаха, смеење, водење љубов, гушкање, добра храна… Ете на пример мајка ми прави чварки, многу им се радувам, а сестра ми е толку убава од утрово што ништо друго не е битно. Па нека дојде крајот на светот ако сака и одма, не мора да чека ни минута. Башка имам такви пеперутки во стомакот, што и да дојде крајот на светот идеме у некој розов свет 🙂

Лидиа – Поп пеачка Србија: Денот би го искористила за простување (себеси и на другите, љубов, мир, медитација… тоа е најважно.

Ибро Лабунски – Фолк пејач: Истото што го правам скоро секој ден, а во однос на вашето прашање за крајот на светот, тоа не може никој да го знае, никој роден на овој свет. Тоа го знае само севишниот Бог, кога и како ќе заврши оваа цивилизација.

Маја Вељановска – Новинарка во “Свет”: ЈАС НЕ ВЕРУВАМ ВО КРАЈ НА СВЕТОТ! Што би правела во последниот ден, веројатно исто што сум правела и во претходниот, можеби ќе пробам да искомуницирам со некој зелен марсовец да ме однесе на планета каде постои живот… хахаха.

Миле Ѓошевски – Сопственик на “Метрополис радио”: Не ги сакам лошите работи, позитивната мисла е излез од негативните вибрации… Овие негативни маркетиншки трикови се понекогаш корисни да ја пробудат свеста кај луѓето, за да ги ценат сите позитивни работи кои ги опкружуваат.

Јоце Панов – Поп пејач: Би се наспал, барем одморен да умрам хахахаха.

Редакција ТАА: Бидејќи е во тек изборот за “ТАА најмомче за 2012 година”, веднаш ќе го соопштиме името на победникот, во експресно брзо време ќе организираме журка за 18-от роденден на ТАА (три месеци однапред) на која ќе ги поканиме сите наши пријатели тиинки и тиинци за заедно да го дочекаме пророштвото на Маите или да продолжиме да се журкаме во наш се само обичен не! стил до следното утро и да им се насмееме зашто не биле во право 🙂

И редакцијата на музичкиот портал “крајот на светот” ќе го дочека работно пишувајќи текстови, а потоа ќе одиме на кафе, ќе размислуваме за дочекот на Новата година…

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: