Амбициозна како и секогаш, преодредена да пее како што потврдуваат нејзините колеги соработници, но она што е интересно што таа го откри за нашиот музички портал Музика24 е нејзината истрајност, каде за неа стојат многу настапи и хит песни кој сеуште се изведуваат.
Музика24: Колку години активно опстојувате на македонската музичка сцена?
Јуле Николовска: Активно со музика се бавам околу 10 години.
Музика24: Дали од фолк музиката се уште може да живее од авторски композиции?
Јуле Николовска: Секако дека може, само треба простор за работа во нашата држава и надвор од неа!
Музика24: Што за вас значи да има еден изведувач сериозен тим позади себе?
Јуле Николовска: Значењето е неопходно зад секој успешен изведувач мора да постои беспрекорна екипа која најпрофесионално заеднички ја вршат секој својата работа!
Музика24: Дали сеуште сме на дното во музичката индустрија или има светло и за нас?
Јуле Николовска: За жал да, на дното сме не од аспект на квалитет, туку ни фали продуценска кука која ќе ни овозможи работа, квалитетни студиа, тим, екипа со цел се произведат квалитетни производи и конечно им се понуди она што треба на нашата држава и надвор од неа, затоа што да бидеме искрени им се нуди многу кварлива и евтина роба, просто луѓето се пожелни за нешто навистина квалитетно!
Музика24: Која е ваша лична карта која ве опишува како изведувач?
Јуле Николовска: Досега имам свои 8 песни речиси, едно ЦД така да секоја песна си има своја публика и секоја песна своја лична карта!
Музика24: Има ли Македонија музичка продукција која може да пласира прав уметник и надвор од границите од неа?
Јуле Николовска: Веке напоменав во горенаведените прашања. За жал нема, но се надеваме дека во иднина ќе има, сметам дека нашата држава и ако е мала треба да има музичка продуценска куќа, затоа што има што да понуди на светот!
Музика24: Повеќето од естрадата во Македонија тврдат дека нивните композиции им се крадени од страна на србската фолк естрада, што сметате вие за тоа?
Јуле Николовска: Дали се крадени или не незнам, но знам дека постои закон за одкуп на авторската композиција и автоматски треба да функционира за сите без разлика од кој тип на музика!
Музика24: Имате ли се уште репер т.е пример од балканските изведувачи според кои вие се водите како се прави музичка кариера?
Јуле Николовска: Репер сум си јас самата, се трудам и сакам да сум различна од секој изведувач сметам дека секој треба да е успешен на свој начин. Разликата те прави всушност она што си ти.
Музика24: Што треба да се промени во однос на заджувањето на квалитетот во Македонија?
Јуле Николовска: Како што веке напоменав продуценска куќа, маркетинг тим, екипа која најпрофесионално си ја вршат работата за производство на квалитет и одржување на истото.
Музика24: Кое е вашето мото кое е амајлија во вашата музичка кариера?
Јуле Николовска: Љубовта кон музикатa, вербата во себе и големата желба за работа!