Музика на кирилица

12-ка среќен број за Дарко Билбиловски и неговата сопатничка (Фото)

Велат “Чудни се господовите патишта”, затоа не е ни случајно што некој датуми и бројки се важни за одбележување на романтични моменти, а во тоа се увери и познатиот фолк пејач Дарко Билбиловски кој на скромен и сладок начин ја запроси својата девојка Габриела Смилеска верувале или не на 12-ти април.

D 1“Се се случи неочекувано за неа, но сепак на крај го кажа судбоносното ДА за кој бев пресреќен во тој момент, иако морам да признаам јас и Габриела се запознавме точно пред 12 години, но со текот на обврските за момент спласнаа и нашите средби, но благодарение на мојата упорност пред точно 12 недели повторно ја овековечивме нашата врска каде на 12-ти април и приредив запросување за кој ни самата не веруваше дека ќе се случи”, изјави Дарко Билбиловски кој не ја криеше својата радост.

G 1Детални информации за официјалното стапнување на “лудиот камен” сеуште не ни откри, но судејќи по неговата возбуда сепак ќе се случи на гламурозен начин овековечувајќи ја нивната заедничка љубов со Габриела. Но ова нека биде мал пример за оние кој сакаат да приредат романтично изненадување за својата девојка, бидејки ништо во животот не е случајно.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: