25 години Авалон продукција – 25 години добра и квалитетна музика

Македонска

Со концерти на уметници од Македонија и од странство Авалон продукција одбележува 25 години од своето постоење.

“Во рамки на јубилејот, подготвивме исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена. Концертната сезона ја стартувавме кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на “Тото”, во април со концертот на Јосипа Лисац, соопшти Авалон продукција.

Ѓорѓе Балашевиќ ќе одржи концерт на 19-ти мај годинава во Вип арената “Борис Трајковски”, а македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски на 1-ви јуни на стадионот на АРМ. На фестивалот “Skopje Calling” ќе настапат Алан Вокер, Sister Bliss Faithless DJ Set, Axwell & Ingrosso, Morcheeba и Дарко Рундек и “Техаs”. На фестивалот “Ohrid Calling” ќе настапат Dimitri Vegas & Like Mike, Jax Jones и Armin van Buuren. Легендарниот музичар Брајан Фери ќе одржи концерт на 9-ти септември во Maкедонска филхармонија, дуото “2Cellos”на 6-ти октомври 2018 во Вип арената во Скопје.

Авалон продукција е промотерска куќа чии основни дејности се музичко издаваштво и организација на концерти, музички фестивали и други слични настани. Основана е во Скопје во 1993 година. Во дваесет и пет децении постоење, Авалон продукција има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи, но и странски лиценцирани изданија. Меѓу изведувачите кои своите албуми ги објавиле за Авалон се: “Леб и сол”, Тоше Проески, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, “Мизар” и многу други. Доминантна дејност на Авалон од 2000 година до денес е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа. Во десетгодишната работа со најистакнатите светски букинг агенции, Авалон ужива статус на прв купувач за територијата на Македонија и Србија, и тоа кај најголемите агенти во светската музичка индустрија. Авалон продукција во изминатите осум години организирала настапи на повеќе од 300 светски и регионални изведувачи за публика од преку 700.000 посетители во четири земји од регионот.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели