Апел до сите хумани граѓани: Да и помогнеме на младата Марина Јовановска

Македонска

На младата Марина Јовановска, родена 1993-та година и е потребна нашата помош. Пред неколку месеци, на Марина и беше дијагностицирана ретка дијагноза на очите (degeneration of macula and posterior pole), која што може да доведе до целосно губење на видот. Оваа медицинска состојба го напаѓа видот и пополека доведува до слепило доколку не се третира на време. Состојбата на едното око кај Марина веќе е доста влошена со над 95 % оштетеност, со можност да се прошири и на другото око. Според наодите дадени од специјалисти, за жал лекување на оваа дијагноза нема во Македонија, па затоа интервенциите мора да се вршат во странство. Марина веќе еднаш со помош на хуманите луѓе беше на третмани во Берлин, кои се покажаа како доста успешни, но мора да се продолжат во континуитет.

Потребни се средства за вториот третман и второ лечење во Германија и мора брзо да се реагира. Да и помогнеме на Марина да го зачува својот вид и да не дозволиме болеста да се прошири. Да собереме 10 000 евра, за младата девојка што побрзо да замине на третмани и да го спаси окото.

Донирајте на следните телефони:

T-Мobile 070/071/072 143 191

Vip/One 075/076/077/078 143 467

Или пак на сметка (Комерцијална Банка) со назнака – За Марина Јовановска: 300007100530695

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели