Музика на кирилица

Белов за Нова година чекал помош на автопат

Иако на последниот ден од старата година Александар Белов доживеа мини незгода, сепак ги известува фановите дека место за паника нема, напротив, одлично ги поминал првите денови во Новата година, пишува дневниот весник “Вечер”.

“Не можеше поголем малер да ме снајде на крајот од старата година. На пат кон Гевгелија ми се расипа автомобилот, буквално останав сам среде автопат. Не ми беше пријатно со часови да чекам за да дојде помош која ќе ми го санира дефектот, сепак на крајот се се заврши добро, а јас стигнав на време на закажаниот настап. Не за џабе Владо во една од песните пее: “Што и да е ќе помине”, така и бидна. Новата година не можеше поубаво да ми почне, новогодишниот настап ми помина одлично, атмосферата беше прекрасна секако благодарение на присутните. Овие денови ми поминаа одлично и долго ќе ги паметам”, вели пејачот.

Инаку, Белов по кратката медиумска пауза најавува враќање на сцената, но откако ќе завршат празниците. За што станува збор, вели, наскоро ќе ги извести медиумите и фановите.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: