0

Борис Дали и порачува на Елена Велевска “Ќе си моја” (Фото)

Македонска

Поп-фолк пејачката Елена Велевска не мирува. Откако ја претстави песната “Една е мајка”, таа сними уште еден нов видеоспот. Покрај тоа, што деновиве се очекува на тв Планета во соседна Бугарија да излезе видеоспотот за песната “Погледни ме за крај”, за кој беше задолжена екипата на Томато продукција и се снимаше во хотел “Изгрев” во Струга, Елена сними и нов видеоспот во Софија, повторно наменет за тамошниот пазар.

Станува збор за дует во која пејачката рапува, а е снимена со еден од најпознатите машки вокали во соседна Бугарија – Борис Дали. Музичкото парче се вика “Ќе си моја” и е по текст на Росен Димитров, додека пак авторот на композицијата засега се држи во тајност. Режисер на високобуџетниот спот е Љубомир Иларионов – Љуси, додека пак за одличниот изглед на Елена се погрижи Џулија Ангелова.

“Пред помалку од месец дена во музичко студио во Софија ја снимивме песната, среќна сум што мојата втора песна која е наменета за бугарскиот пазар ќе биде дует со една од најголемите тамошни машки ѕвезди – Борис Дали. Овој пат пеам на бугарски јазик и сите оние кои ја слушнаа песната им се допадна, позитивно се изненадени од мене, бидејќи во оваа песна рапувам и е поинаква од се она кое досега мојата публика го има слушнато од мене”, изјави Велевска.

Во прилог, ви претставуваме неколку ексклузивни фотографии од снимањето на спотот за песната “Ќе си моја”, која се очекува да излезе наскоро.

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada World

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели