Conquering Lion го екранизираа новиот сингл “Natty Lion” (Видео)

Македонска

Излезе официјалното видео за третиот сингл на македонските реге предводници Conquering Lion, темата насловена “Natty Lion”, која се најде на нивниот четврти студиски албум “Land of confusion”. Албумот содржи девет песни во комбинација на жанровите реге, њу рутс и даб. “Land of confusion” е снимен и продуциран од страна на Гоце Трпков (С.А.Ф.) во периодот од септември 2015-та до ноември 2016-та година во студиото “Basement Bootlegz Lab”.

На ова издание гостуваат и двајца интернационални реге артисти, Рас Закари од Јамајка и Фајаборн од Холандија. Останатите гости кои помогнаа во снимањето на овој албум се: Кирил Крстевски на клавијатура, Стефан Пехчевски на клавијатура, Александар Илијевски Шајо на труба, Симе Златков на саксофон и Весна Илиќ Павлоска како придружен вокал.

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели