Дали ви се верува, македонските јутубери почнаа да пејат

Македонска

Долго време размислувавме дали да го напишеме и објавиме овој текст, кој верувајте нема да биде последен што ќе биде посветен на оваа тема. Често останувајќи до доцните часови и работејќи на нашиот и Ваш музички портал се случуваше барајќи интересни видеа на YouTube и истражувајќи на некои теми, од десната страна каде што се всушност и видеата за гледање да се појават видеа со дел од македонските Јутубери, повеќето од нив средношколци, а некои веќе запишани на дел од македонските факултети. Истите тие, за кои во изминатиот период истражувавме и речиси сите од нив ги следевме, се нарекуваат Јутубери и својата заедница ја нарекуваат YouTube Macedonia, иако некои од нив видеата ги снимаат одвоено од оваа т.н заедница. Искрено повеќето од нив се доста интересни, снимаат разно-разни видеа, предизвици, и што уште не се со цел да им се допаднат на своите следбеници и да привлечат уште повеќе, што е секако нормално во тој свет.

Но она што нам ни падна чудно, крајно лошо и невкусно е тоа што некои од нашиве Јутубери имаат голема храброст и несакајќи самите себеси да се слушнат, едноставно снимаат песни со одредена намена. Овој пат нема да споменуваме некој од нив ниту име, ниту пак било што се со цел да не направиме несакана реклама на истите нив, но во идните текстови и видеа кои ќе бидат наменети и посветени на оваа тема, секако дел од нив и ќе бидат повеќе пати споменати.

Верувале или не, доколку слушнете дел од тие песни кои дел од македонските Јутубери ги снимаат, или ќе ви се повраќа, или пак едноставно ќе сакате набрзина да го исклучите компјутерот мислејќи дека нешто не е во ред со него. Рака на срце, дел од оние што снимаат видеа и кои што се дел од македонските Јутубери се веќе познати македонски пејачи или пак веќе снимиле песна две, се докажале или пак имаат учествувано на некој од многубројните музички натправарувања и реални шоу-а. Но она што дел од нив го прават, секоја чест за трудот, но дали некој воопшто им кажал дека можеби за видеа и за слични работи се одлични, но за снимање на песни или глумење на пејачи воопшто не им доликува. Затоа престанете да снимате песни со оваа или онаа намена, ако сте добри во снимањето на видеа и се она што го правите тогаш правете го тоа, не се мешајте онаму каде навистина немате потреба да се мешате, бидејќи незнам кој ви вели дека сте страшно добри и дека песните се WOW, но кој и да ви го вели тоа, верувајте само и само ве лаже!

Друга тема за разработка и за дебатирање е она на кој начин одредени Јутубери во Македонија стигнуваат до таканаречените Subscreiberi или следбеници, бидејки повеќето од најпознатите македонски музички имиња, меѓукои ќе го споменеме Влатко Лозановски, Каролина Гочева, Групата “Меморија”, “Next Time”, ДНК, Александра Јанева… кои сите знаеме кои се и што се и што имаат позади себе, колку само концерти, песни, видео спотови и фанови имаат, нашите македонски Јутубери се далеку, далеку пред нив, а верувајте нив никој не ги знае, барем не толку како веќе споменатите музички имиња од македонската музичка сцена кои верувајте навистина вредат. Но за оваа тема… во следниот текст или видео.

Продолжува…

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели