Дани Димитровска со нов албум на есен

Македонска

“Град за љубов” е насловот на новиот албум на Дани Димитровска, чија промоција се очекува наесен. Пејачката го најави новото издание со неодамна објавената песна “Нема две”, чие видео содржи снимки од филмот “Градот на Вардар” (1962) од Бранко Гапо, а наскоро се очекува уште еден сингл.

“Албумот е веќе подготвен, последните подготовки се во тек и би требало да излезе кон крајот на септември или почетокот на октомври. Ќе содржи 8 песни, од кои 3 се веќе добро познати, а после овој сингл (“Нема две”) кој веќе е во етер, ќе пуштиме уште еден што се вика “Младост”. И за него ќе се снима видео што ќе излезе во август, а потоа заедно со промоција ќе извадиме уште еден сингл, па ќе останат две или три песни што нема да бидат чуени”, откри Дани во разговор за информативната агенција “Макфакс”.

И за овој материјал пејачката ги здружи силите со долгогодишната соработничка Весна Малинова Бабамова, со која соработува веќе 18 години и која ги потпишува сите текстови, аранжер и продуцент е Кирил Бабамов, а снимен е во студиото “ХЛ” на Дејан Момировски со сите инструменти во живо. Во продолжение, погледнете го нејзиниот најнов нидео спот за песната “Нема две”.

Подготви: Александра Блажевска

Фото: Макфакс

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели