Детскиот фестивал “Поточиња” прославува 15 години јубилеј

Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал “Поточиња”. Новото издание “Поточиња 2018” ќе се одржи на 24-ти и 25-ти март, во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал. Организаторот “Пап продукција” најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Домаќин на дечињата ќе биде популарната маскота “Поки” која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание. На репертоарот се 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон и онлајн на www.jugoton.mk.

Подготви: Христина Секуловска

 

Повеќе на Музика24...