0

DJ Erik Fox и Симона Поповска во соработка со бразилски продуценти (Видео)

Македонска

На огромно задоволство на сите фанови денес е пуштен во етер ремиксот на првата песна, со која се прослави овој бенд – најголемиот хит на Соунд Месенџерс од пред 4 години “Love me”, за кој е снимен и видео запис. Синглот доживеа свое ре-издавање и ексклузивно е изработен од едни од најпознатите дј-и и ремиксери во Бразил и Jужна Aмерика: Hudson Leite и Thaellysson Pablo. Тие имаат ремиксувано повеке од 200 песни на познати светски изведувачи како: Selena Gomez, Alan Walker, The Cranberies, Jason Derulo, Inna, Antonia, Celine Dion, Sia, DJ Layla, Paula Mattos, Justin Bieber, Omi, Jay Sean…и многу други.

Од целиот репертоар на авторските песни на Соунд Месенџерс, највеќе им се допадна “Love me” и нашата Симона и од таму инспирацијата за ремикс за истата во две верзии – радиска и се разбира клубска. Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер.

Во продолжение на нашиот музички портал ви ја презентираме песната која се надеваме дека ќе ви се допадне.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели