Музика на кирилица

“Дома си е дома” нова песна и спот од Тајзи

Тајзи минатата недела сними видео запис за неговата нова песна, “Дома си е дома”. Тој најавува голема летна турнеја која започнува со настап на престојниот Beat Event# 1, на 14-ти јуни, на ракометното игралиште во Битола каде ќе настапи заедно со Слаткаристика. Новата песна на Тајзи со видео записот ќе излезе во етер до крајот на оваа недела. Музиката и аранжманот на “Дома си е дома” е изработен во студиото на Јованови, а видео записот се снимаше на повеќе локации низ Македонија: Хераклеја – Битола, Пелистер, заливот на коските во Охрид и во Прилеп.

Во продукција на Иноватива Груп и тимот Дарко Манасијески како режисер и Владимир Дади Ивановски како Директор на фотографија, на видеото работеше и Флукс продукција. Оваа песна на Тајзи е добитник на државните субвенции за поддршка на Македонската музика.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: