Дуке Бојаџиев објави нов студиски албум

Македонска

Во деновите кога сите ги завршуваат своите активности за оваа година, македонскиот музичар кој живее и работи во Њујорк Дуке Бојаџиев објави нов студиски албум. Тој е насловен “Сон-вера-љубов” и како што појасни Бојаџиев, на него се наоѓаат композиции што ги изведуваше во живо изминативе години, а дел од нив за првпат ќе можат да се слушнат.

“Музиката е инспирирана од македонските корен и традиција и напишана и снимена во Њујорк во изминативе седум години”, вели Бојаџиев. Како гости на албумот се потпишани Исмаил Лумановски (кларинет), Владимир Крстев (виолина), Ара Динкјиан (уд), Матијас Кунцли (перкусии), како и Каролина Гочева, Наташа Петровиќ и Крсте Роџевски како придружни вокали. Албумот може да се преслуша и да се симне од Саундклауд.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели