Елена Миленковска со нова музичка порака “Се во свое време” (Аудио)

Младата и успешна поп пејачка Елена Миленковска денес на својот You Tube канал го промовираше својот 4-ти најнов сингл кој носи наслов “Се во свое време” во кој многумина ќе се пронајдат во самата тематика. Во склоп на овој сингл е направена и фотосесија со што ја отсликува како пејачка која го дава максимумот од себе за да се покаже во добро светло.

“Досега публиката ме знае во многу нешта, но сакам да ставам свој личен печат во мојата кариера така што секоја најнова композиција е  мое огледало како личност”, изјави Елена Миленковска каде најави многу новини во нејзината музичка кариера.

Соработниците на овој сингл се повеќе од јасни Лазар Цветковски и Ена Цветковска кој се потпишуваат како автори на аранжманот и текстот. А како што дознаваме во текот на летниот период ќе се појави со уште еден сингл во ново руво, но засега ве оставаме да уживате во најновиот сингл на Елена Миленковска.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...