0

Елена Велевска и Душко Горгиевски ја “запалија” Виена (Фото)

Македонска

Фолк пејачите Елена Велевска и Душко Георгиевски неодамна одржаа спектакуларен концерт на македонската дијаспора во Виена. Фолкерите одржаа концерт во организација на “Македонската фаланга”, насловена како “Македонска вечер”. “Македонската фаланга” е организација на иселениците кои се здружени со цел да ја негуваат македонската традиција, култура и спорт, а ги поврзува патриотизмот и љубовта кон татковината, како и спортскиот дух и навивањето од срце за репрезентациите од Македонија на меѓународни натпревари.

Ваквите средби, велат дека ги сплотуваат уште повеќе, особено кога за забавата се задолжени двајца познати професионалци, кои знаат најдобро да ја пренесат македонската традиција преку убавата песна и да ги исполнат со емоции.

Фолкерите велат дека успеале да ги исполнат срцата на нашинците кои живеат во Виена. Во одлична атмосфера, со репертоар исполнет со традиционални теми, стари македонски народни песни, но и модерни фолк рефрени пејачите ја пренесоа македонската песна. Велат дека како што ветиле така и исполните, направиле незаборавна ноќ, за паметење на Македонците. Во публиката имало и гости од српската дијаспора во Виена, но и Австријци кои биле љубопитни да ја запознаат македонската музичка традиција. Настапот во Виена е само еден од низата интензивни настапи кои ги имаат фолкерите, а во овој период работеа паралелно и на своите нови песни и видеозаписи.

Елена Велевска неодамна ја лансираше својата нова нумера, видео за песната “Недостапна за тебе”, додека Душко Георгиевски го промовираше видеозаписот за песната “Рано е”.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели