“Ентер фест” се одложува за крајот на летото

Како што не известуваат организаторите на “Ентер фест”, со оглед на временските услови и најавените врнежи за време на одржувањето на фестивалот тие се приморани да го презакажат одржувањето на истиот. Со цел вистински и непречено да уживаат сите присутни во музиката и забавата, во убави и топли летни денови и ноќи без дожд, организаторите го поместуваат одржувањето на фестивалот за периодот од 29-ти август до 02-ри септември оваа година. Сите купени влезници ќе бидат валидни за новиот термин на фестивалот.

Подготви: Дениза Илиевска

Повеќе на Музика24...