Музика на кирилица

Фолк пејачката Сузана Гавазова се откажува од пеењето?!

Познатата, сексипилна и атрактивна фолк пејачка Сузана Гавазова се откажува од пеењето, барем така таа изјави за “Вечер”. Откако сними три видео спота во продукција на Томе Табанов, со кои планира да ја заокружи досегашната кариера и кои во иднина ќе се вртат по тв станиците, Гавазова на големо се подготвува за својата свадба и за денот кога на свет ќе го донесе своето прво бебе.

“Снимив три спота и тоа за песните “Македонка”, “Умирам по тебе” и “Сузе Сузана”. Ова ќе биде последното нешто од мене, барем сега-засега. Планирам да се повлечам од музиката, затоа што сакам да се посветам на мајчинството”, вели Гавазова за “Вечер” и додава дека ова не значи целосно повлекување, туку напротив, само привремено, барем додека не се породи.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: