“Funk Shui” нови ексклузивци на Авалон продукција

Македонска

Авалон продукција со огормно задоволство ве информира дека започнува соработка со бендот “Funk Shui”. “Funk Shui” е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред 7 години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца музичари кои создаваат своја лична авторска музика преку долги импровизирачки сесии. Истата година, “Funk Shui” за прв пат своите дела ги наснимува во вид на четири демо песни под наслов “Got Funk?!”.

На почетокот во “Funk Shui” членуваат Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Давид Николовски (тапани) и Стефан Стојанов (бас гитара), а подоцна на негово место се приклучува Михаил Намичев. Досега, бендот има издадено два албума “Етер” во 2012-та година и “R.E.M” во 2015-та година. Во периодот помеѓу двата албума, бендот го издава синглот со наслов “Огледала”, кој подоцна се наоѓа на вториот албум. По издавањето на вториот албум “Funk Shui” ја снимаат песната “Архетип”, која добива и свој видео запис. Овој сингл е најсофистицираното и најсозреано дело на бендот. Во изминатите години “Funk Shui” имаат настапувано на многубројни музички фестивали во Македонија.

Моментално овие момци работат на сингл што ќе се најде на новиот студиски албум, кој во план е да излезе во текот на 2018-та година, во издание на Авалон Продукција. Оваа соработка е во рамките на јубилејот – 25 години од постоењето на Авалон Продукција, како најголем музички бренд во Македонија и на Балканот, се со цел за да им дадеме и поддршка на македонските музички артисти. Во периодот што следува, Авалон Продукција ќе биде извршен продуцент, односно издавач, промотер и букинг-агент на “Funk Shui”.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели