Горан Милошески: 30-от јубилеј ќе го прославам со голем концерт во Скопје (Видео)

Македонска

Неодамна во скопскиот ресторан “Кеј” во непосредна близина на Веро Центарот, се одржа долго најавуваната и очекувана промоција на видео спотот за победничката песна на летниот фестивал “Охрид фест 2017” преубавата, одлично спакувана и певлива “Очи зелено сини” на познатиот македонски поп пејач, композитор, аранжер и продуцент Горан Милошески. На промоцијата на која што свое присуство земаа голем број на пријатели и соработници на Милошески, водител на истата беше одличната и секогаш оргинална естрадна новинарка Валентина Ѓоргиевска – Парго која даде одличен вовед од самите почетоци на пејачот, па се до ден денес и хитовите кои во меѓувреме се редеа еден по друг.

Во најавата за самата промоција, Милошески самиот објасни како дојде до создавање на оваа преубава балада, а за тоа како се чувстуваше за време на промоцијата, што и како планира во идниот период, тој ексклузивно за Музика24 го изјави следното:

Горан Милошески: Од промоцијата сум презадоволен и покрај тоа што во моментов има кампања за локални избори, имав чест да ги пречекам и да бидам домаќин на голем број мои познати соработници, пријатели како и на вас новинарите. Како што можевте и самите да забележите на промоцијата беше целата екипа која што го реализираше спотот, недостасуваа само танчерите кои од оправдани причини не можеа да присуствуваат. Што се однесува до видео спотот, истиот го работевме во Битола во режија на Томе Влашески. Го снимавме три интересни дена на различни локации. Она што е интересно во овој видео спот е тоа што сите ќе забележат дека постои љубов. А тоа значи многу зближеност, заедништво, многу, многу, многу емоции. Сеите се дадоа себеси максимално за да биде она што го имаме денес како готов производ. Јас во сето ова учествував само со 5 проценти, додека се останато беше дело и благодарение на режисерот, танчерите, глимците и целокумната екипа која го реализираше овој видео спот.

Музика24: За време на промоцијата на “Очи зелено сини” го најави својот голем концерт по повод 30 години музичка кариера на македонската музичка сцена, кога би можеле да го очекуваме концертот?

Горан Милошески: Што се однесува до концертот, истиот го најавувам и ќе се случи пред Нова година со голем број на мои музички соработници, познати пејачи, музички имиња од Македонија и Балканот со кои изминатите години имам соработувано и креирано голем број на музички проекти, хитови, како и музика за театарски претстави и многу повеќе.

Музика24: Освен големиот концерт кој што веќе екскулзивно го најавивме, што е она на што Горан ќе се посвети максимално идниот период?

Горан Милошески: Наскоро ја најавувам мојата нова композиција “Духот и твоето А” која што би требало да ја промовираме за околу месец и половина од сега, заедно со видео спот. А потоа третата композиција ќе биде нешто ново во Македонија, јас освен пејач во новиот видео спот ќе бидам и танчер. Целиот видео спот ќе биде само со играње, бидејќи незнам колку знае македонската публика но јас сум и поранешен танчер, така да тоа воопшто не би ми претставувало проблем, напротив големо задоволство. Таа песна и видео спот ќе ги објавиме за време на големиот концерт кој веќе го подготвуваме и истиот комплетно целосно ќе биде во живо. Мислам дека ќе направиме нешто големо.

За да не биде напразно пишувањето и споделувањето на впечатоците, во продолжение ви предлагаме да го погледнете најновиот видео спот за победничката песна на овогодинешното издание на “Охрид фест” песната која ќе ви донесе голем број на емоции додека ја слушате, преубавата “Очи зелено сини” на која што Специјализираниот музички портал Музика24 се јавува како медиумски покровител на истата. Уживајте!

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели