Музика на кирилица

Хумано: По повод Светскиот ден на хендикепираните се одржа хуманитарен концерт

На трети декември (Светскиот ден на хендикепираните) во Универзалната сала во организација на хуманитарното здружение “Кралицата Есма и Стево Теодосиевски” се одржа хуманитарниот концерт каде свое учество имаа учениците од специјалните училишта и установи, како и познати македонски музички имиња меѓу кои ќе би споменеме: Есма Реџепова, Влатко Илиевски, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Дани Димитриовска, Анџело Беќарски… и др.

Влезниците имаа симболична цена од само 100 денари, а веќе собраните финансиски средства од концертот, како што велат организаторите, ќе бидат наменети за децата со посебни потреби.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: