Јовица Мицевски – Бамбус наскоро промовира двоен албум (Фото)

Македонска

Младото и веќе препознатливо момче Јовица Мицевски – Бамбус кој долго време е дел од македонската музичка сцена, смета дека е вистинско време да и се оддложи на својата публика која со години го следи на сите негови настапи. По тој повод, Јовица сними албум, комплетно нов, но не еден, туку двоен. Едниот “Скопје во сон” посветен и исполнет со поп -фолк композиции, додека другиот “Божја заповед” посветен на македонската фолк музика.

Како што не информира неговиот менаџерски тим, материјалот е комплетно завршен, и во моментов се работи на снимање на видеа, како и на докомплетирање на целата слика околу проектот кој ќе содржи вкиупно 24 композиции и на кој работи тим од врвни музичари и автори.

Првиот дел насловен “Скопје во сон”, освен насловната ги содржи уште темите: “Стари навики”, “Сонот мој си ти”, “Нека свират ноќва труби”, “Последна желба”, “Бродолом”… За насловната песна веќе е снимено и видео, а тоа всушност говори за податокот дека Мицевски сериозно работи на проектот кој треба да значи едно ново поглавје во неговата долгогодишна музичка кариера. Видео спотот е работен со Арт студио, а кадрите се снимени на неколку интересени локации низ главниот град. Дел се снимени на кровот на Градскиот трговски центар, потоа низ уличките по централното градско подрачје и на Видиковец на Водно. Спотот го следи интересена приказна, која кореспондира со самиот текст на композицијата, која всушност зборува за боемскиот живот. Целиот материјал е во модерен поп-фолк ритам, а меѓу соработниците освен самиот Мицевски се и Дејан Момироски, Борче Нечовски, Александар Тарабунов…

Вториот дел “Божја заповед”, пак, е во фолк манир и содржи десет композиции. Меѓу авторите се имињата на Милан Завков, Зоран Џорлев, Орце Зафировски, Милан Зафков, Ванчо Димитров…

“Едвај чекам мојата публика да слушне што е се сработено. Се решив на ваков чекор за двоен албум затоа што сакав да има буквално за сечиј вкус по нешто. Верувам во овој проект, кој е работен со многу љубов и внимателно одбран тим од автори, и верувам дека и на публиката ќе и се допадне”, изјави Мицевски. Промоцијата на материјалот ќе се одржи кон средината на овој месец, за што секако ќе бидете информирани од нашиот музички портал.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели