Калиопи ќе одржи голем концерт во “Сава центар“ во Белград

Македонската поп-дива Калиопи ќе одржи голем солистички концерт во “Сава центар“ во Белград. Таа е единствениот македонски изведувач во последните десеттина години кој одржува концерт во “Сава центар“.  Нејзиниот претходен концерт во овој објект се одржа во 2013 година.

Концертот ќе се одржи на 23-ти ноември, а влезниците се веќе пуштени во продажба и чинат од 1500 до 2400 српски динари.

Калиопи минатата година одржа два unplugged концерти во “Коларац“ во Белград кои беа распродадени за рекордно време. Покрај големиот концерт во Белград до крајот на годината Калиопи ќе настапи во уште неколку српски градови.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...