Калиопи го прослави роденденот со настап во Пирот, Србија

Македонска

Македонската поп-дива Калиопи вчера го прослави својот роденден со настап во српскиот град Пирот. Имено Калиопи беше дел од прославата на денот на градот Пирот – 28 декември. По тој повод во Народниот театар во Пирот се одржа свечена академија под слоганот “Пирот град кој трае“.

Калиопи вчера наполни 51 година.  На средбата со медиумите од тој град Калиопи најави концерт во Пирот во 2018 година но и два нови синглови кој ќе бидат снимани во јануари 2018 година заедно со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.

Подготви: Филип Етмишовски
Фото: pirotskevesti.rs

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели