Музика на кирилица

Каролина вечерва забавува, концертот распродаден

Во придружба на 17 музичари на сцената, вечерва во 20 часот, нашата најпозната поп пејачка Каролина ќе го одржи долго најавуваниот акустичен концерт во Универзалната сала. Таа освен досегашните хитови, кој речиси нема кој не ги знае, вечерва ќе го промовира и нејзиното компилациско издание “Најубавите песни”, кое содржи 12 најпознати музичи дела и 4 бонус песни.

Концертот е во организација на продуценската куќа Авалон, чија ексклузивка таа е со години, а оттаму не известуваат дека сите карти се веќе распродадени. Останува само прашањето, дали Каролина освен овој, ќе оддржи уште еден ваков предновогодишен концерт.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: