Лени: На “Макфест” очекувам победа

Македонска

Младата и популарна поп пејачка Лени неодамна настапи на познатиот македонски интернационален фестивал “Еврофест” со песната “Празни страници” заедно со Владо Ѓоргиевски каде ја освоија втората награда од Интернационалното стручно жири. Комплетен автор на оваа песна е Владо Ѓоргиевски, додека пак истата е снимена во музичкото студио “Гиновски” кај нашата позната македонска поп пејачка Андријана Јаневска. Лени за Музика24 открива дека веќе е во подготовка за снимање на видео спот за веќе споменатата второнаградена песна.

Меѓудругото, Лени на 5-ти октомври ќе настапи на првата макфестовска фестивалска вечер под реден број 2 каде пак ќе ја отпее песната “Сама”, повторно комплетно дело на Владо Ѓоргиевски. За Музика24 таа многу не сакаше да говори за оваа песна и нејзиниот настап на штипскиот фестивал, но даде само една кратка изјава:

“На “Макфест” очекувам победа”, изјави таа накратко за нашиот музички портал. Ново од неа е тоа што таа на големо го подготвува свој нов албум. Инаку, Лени на фестивалот “Канео фест 2017” ја освои втората награда од жири и Наградата за сценски настап за песната “Таму негде” чии автор повторно се јавува Владо Ѓоргиевски. Освен тоа, вредно е и за спомненување минатогодишната втора награда на “Еврофест”, каде заедно со Владо Ѓоргиевски го отпеаа дуетот “Глумиш луд”, за кој што под режисерска палка на Ѓоргиевски е снимен и видео спот.

 Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели