Лозано е ТАА најмомче за 2012-та година

Македонска

Нашите медиумски партнери, тинејџерското списание ТАА по единаесетти пат организираше избор зa “ТАА најмомче” на годината, а читателките на списанието овој пат го избраа Влатко Лозаноски Лозано за свое најмомче. Во пораките кои ги испраќаа тинејџерите, тие истакнаа дека гласаат за Влатко зашто “е одличен пејач, има супер нов албум, му ги обожаваат песните”, ама и затоа што е “скромен, убав, сладок, има прекрасна насмевка…”.

Оваа година покрај Лозано, номинирани беа и Марко Марк, Дејан Манасков, Роберт Билбилов, Војдан и Дамјан Стојановски, Боби Мојсоски и Слаткар. Се гласаше цел месец преку смс, меил и Фејсбук пораки и преку анкетата на веб страницата на ТАА, www.taa.com.mk. Досегашни ТАА најмомчиња се Тоше Проески, Петар Ѓошев, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Стефан и Марин Филиповски, Ламбе Алабаковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски – Кико и Тони Зен.

Подготви: Виолета Трајкоска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели