0

Македонецот Мајкл Дамески го освои второто место на светски натпревар (Видео)

Македонска

Мајкл Дамески кој што светската јавност го запозна преку големото глобално шоу “World of Dance”, верувале или не, настапил на детскиот фестивал “Златно славејче” во 2007-та година. Тогаш малиот Мајкл пред македонската публика ја отпеа песната “Еден танц”. Песна која што во продолжение ќе имате можност и да ја преслушате, а воедно и да се уверите во тоа дека уште од мали години ова момче професионално танцува.

Денес Мајкл има 22 години. Роден е и живее во Сиднеј, Австралија, а по потекло е Македонец. Неговите родители се од градот Прилеп, и тие заминуваат во пред раѓањето. Ова младо момче денес е успешен и познат танчер кој што настапува во познати мјузикли, а еден од нив е и популарниот “Били Елиот”. Изминатиот период Мајкл се натпреваруваше во познато танц шоу кое што го организира Џенифер Лопез и во финалето го освои второто место.

“Можеби не освоив милион долари, но освоив милион срца”, напиша тој на неговиот Инстаграм профил по завршувањето на натпреварот. А во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете неговиот одличен настап.

World of Dance: Michael Dameski

Michael Dameski dove head first into the competition.Relive the journey with him from beginning to end. ❤️

Gepostet von World of Dance am Freitag, 14. September 2018

Подготви: Редакција Музика24

 

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели