Македонските фолк ѕвезди “растураат” во Австралија

Македонска

Татјана Лазаревска, Новица Василевски и маестро Милан Завков веќе подолг временски период престојуваат во Австралија каде што ги забавуваат нашите македонци. Како што пишува македонскиот портал од Австралија Falanga, тие досега имаат одржано многубројни концерти низ целата земја, а вчера вечер го одржуваа својот прв концерт и во Мелбурн. Забавата е секогаш загарантирана кога станува збор за овие македонски музички имиња, па така и вчера вечер било лудо и незаборавно до раните утрински часови.

Организатори на овие концерти се македонското културно уметничко друштво “Јане Сандански” од Мелбурн, а нашите музички имиња за цело време ги придружува оркестарот “Медена”. Им посакуваме убав помин!

Подготви: Викторија Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели