Музика на кирилица

Победникот на “Макфест” го налути Владо Јаневски

“Макфест” е веќе зад нас, но за време на одржувањето на финалната вечер во едно штипско кафуле се случувала вистинска драма. Како што пишува Телеграф.мк, за време на финалната вечер познатиот текстописец и поп пејач Владо Јаневски кој заедно со свој пријател седел и го гледал финалето на МТВ, по прогласувањето на победничката Биба Додева, Јаневски упатувајќи недолични зборови и за момент викајќи, налутено си заминал од кафулето и се упатил во хотелот во кој бил сместен.

Инаку, Владо Јаневски е текстописец на песната “Само немој да молчиш” која што на сцената ја изведе Јоце Панов и се најде на четвртото место, кој пак за оваа случка не е информиран и незнае што точно се случило, но затоа пак за овогодинешниот “Макфест” вели:

“Имам само пофални зборови за фестивалот. Од организација до се како што изгледаше и звучеше. Навистина се потрудиле и се разбира пофалба за Владата што одлучи да не поттикнат со високи награди нас пеачите”, изјавил Панов кој додава дека очекувал да победи знаејќи дека имал убедливо најмногу гласови во првата полуфинална вечер.

Подготви: Маргита Робевска

Можеби ќе ве интересира: