Музика на кирилица

Мартинијан Кириловски со нова песна и видео спот

Мартинијан Кириловски е во завршна фаза од подготовката на новиот сингл и својот прв професионален видео спот за песната која го носи насловот “Јас знам”. Во летен поп рок стил, Мартинијан се надева дека оваа песна која инаку има љубовна тематика ќе стане вистински хит и ќе потрае на македонската музичка сцена. Текстот и музиката се на Филип Антевски, додека на аранжманот Мартинијан работел самиот со помош на Филип кој е дел од неговиот бенд. Но ова не е се што Мартинијан и неговиот HQ Band ни подготвуваат за оваа лето. Во соработка со Марко Димитриевски песната ќе добие и свој видео запис, а Мартинијан ни откри дека песната е милозвучна и интересна и дека лесно се памети.

Сите оние кои ќе сакаат премеиерно да ја слушнат песната се поканети да присуствуваат на промоцијата која ќе се одржи на 12-ти август во Nama Caffe со почеток во 20 часот. Инаку, песната е снимена на македонски и српски јазик, но промоцијата на српската верзија ќе се одржи малку подоцна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: