Мега проектот “Извор” со концертна промоција низ цела Македонија

Македонска

Авалон продукција, како и секогаш досега така и овој пат, со големо задоволство најавува продолжение на концертната турнеја на Каролина која во периодот од крајот на овој месец и почетокот на идниот, ќе се одржи во неколку градови низ Македонија, а ќе биде во рамки на промоцијата на новиот албум “Извор” кој за кратко време ги освои срцата на милиони Македонци. Каролина заедно со нејзиниот бенд на овој дел од турнејата ќе настапи во Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица и Штип, на следниве датуми:

  • 21 април – Дом на култура “Иљо Антевски – Смок”, Тетово
  • 24 април – Дом на култура “АСНОМ” – Гостивар
  • 06 мај – Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово
  • 07 мај – Дом на култура “Ацо Шопов” – Штип
  • 10 мај – Дом на култура “Антон Панов” – Струмица

На концертите ќе бидат изведени најновите нумери од “Извор”, како и најубавите песни од проектот “Македонско девојче”. Билетите по цена од 450 денари, и истите ќе бидат пуштени во продажба веднаш преку продажната мрежа на kupikartizase и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели