Мите Пауноски летото го започнува со нов видео спот за песната “Денот да почне со тебе” (Видео)

Македонска

Македонскиот поп пејач Мите Пауноски со нов видео запис за песната “Денот да почне со тебе”, чиј автор на музика и аранжман е Лазар Цветкоски, а автор на текстот е Магдалена Цветкоска Ена. По одличните изданија на Мите за песните “Далеку од очи, далеку од срце”, “Како да ти кажам збогум”, “Кажи место, кажи време”, ова е негово четврто издание и наскоро сите негови изданија ќе се најдат на првиот студиски албум.

Видео записот е изработен од креативниот тим на Горила Филмс, а истиот е сниман на локации во Љубаништа – Охрид и “Хотел Изгрев” во Струга. Се надеваме дека спотот ќе ви се допадне и оваа песна ќе биде одлична најава за вистинско летно уживање.

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели