0

“Мугер Фугер” наскоро ќе го промовираат новиот албум

Македонска

Култниот македонски бенд “Мугер Фугер” на 23-ти мај ќе го промовира десеттиот јубилеен студиски албум насловен “Татко”, на платото пред МКЦ, со почеток во 21 часот. Новиот албум содржи 10 песни, а истиот се снимаше и миксаше во студио “Тра Ла Ла”, со продуцентот Мите Димовски.

На албумот работеа Сеад Хаџиќ – Сецко (гитара, мандочело), Огнен Мангаровски (синтисајзер, пијано ,бас гитара, гитара), Сашо Митревски (гитара), Никола Кузмановски (бас гитара), Огнен Златанов (гитара), Џано Куч (тапани и перкусии), како и Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов, Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини и Џабир Дерала (вокали).

“Смислата на постоењето е тесно врзана во татковството, бидејќи така се надживуваш себе си и на тој начин го продолжуваш твоето постоење. Јас во еден кус период станав татко и го изгубив својот татко, па на овој начин сакав да ја возвратам големата љубов која ја добивав”, изјави фронтменот Сецко во врска со инспирацијата за насловот на албумот. Вечерта ќе ја отвори дуото Мухамед Ибрахими и Ратко Даутовски. Новиот албум “Татко” ќе може да се набави на промоцијата каде влезот е слободен.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели