Музичарот Сашо Ливрински промовира нов студиски албум (Видео)

Македонска

Во четврток 4-ти април во Младинскиот културен центар, односно, киното “Фросина” со почеток во 20 часот музичарот Сашо Ливрински ќе го промовира својот најнов албум насловен “Вруток”. Како што дознава Музика24, овој музички проект на поинаков начин обработува македонски традиционални песни и ора. Дел од овој студиски албум на Ливрински ќе бидат и познатите и препознатливи: “Со маки сум се родила”, “Македонско девојче”, “Ајде сонце зајде”, “Еленкино оро”, “Чалгиско оро”… како и многу други.

“Овој албум кој симболично е наречен “Вруток” е специфичен начин на креирање и толкување на македонската мелопоетска целина, кој остава впечаток на старо, а всушност е нешто ново”, изјавува Ливрински за новиот албум. Освен промоцијата на новиот студиски албум, истата вечер на големо кино платно ќе бидат и промовирани неколку видео спотови за дел од темите кои се наоѓаат на истиот. Видео спотовите се во изработка на продукција “Браво”.

PROMO VIDEO- PROMOCIJA NA "VRUTOK"

04.04.2018 KINO FROSINA 20 CASOT

Gepostet von Bravo Production am Freitag, 16. März 2018

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели