Музика на кирилица

На InMusic настапуваат и “Conquering Lion”

Различните музички стилови ги карактеризираат бендовите кои се приклучија на еден од најдобрите музички фестивали во регионов, хрватскиот “InMusic” фестивал 2013-та. А кон листата на музички имиња кои до сега се објавени, овој пат се приклучува и македонскиот бенд “Conquering Lion” од Тетово.

Нивниот настап на “InMusic” фестивалот е воедно дел до соработка со програмата CEETEP (Central Eastern European Talent Exchange Program), која има за цел да поттикне настапи и популаризира артисти од централна и источна Европа преку фестивали, радио и ТВ емисии и други медиуми во регионот и во цела Европа.

“Conquering Lion” се даб/реге/хардкор бенд од Тетово, формиран во април 2007-та. Во 2009-та година тие го издадоа нивниот прв албум, кој е наречен едноставно “I”. Тој се состои од 10 песни, вклучувајќи и соработка со јамајканецот Jahom Clarityjem на песната Jah Love. Вториот албум е издаден 2011-та и моментално работат на трето студиско издание. Искуството го стекнаа со настапи низ Македонија, но исто така и во Германија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Косово. Досега имаат настапувано со големи реге имиња како што “Gentleman”, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote и други. На “InMusic” фестивалот гостуваат како бенд кој загарантирано ќе донесе добра енергија и ритам идеални за одмор и уживање.

Ве потсетуваме дека “InMusic” фестивалот ќе се одржува од 24-ти до 26-ти јуни во Загреб, а сите вие заинтересирани не чекајте туку уште денес, утре набавете си влезница за овој голем хрватски музички фестивал.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: