Наместо работно, Елена Велевска низ Европа за Нова година

Македонска

Македонската фолк дива Елена Велевска по 23 години настапување за најлудата ноќ, оваа Нова година реши оваа да ја прослави во кругот на семејството. Пред само неколку дена таа со сопругот Маријан ја прославија десетгодишнината од бракот и по тој повод во друштво со децата ќе го прослават со патување низ Европа.

“Изминатава година како и предходните години речиси и да немав слободен ден, концертни настапи во и надвор од Македонија, турнеи, телевизиски гостувања во Македонија, но и во Бугарија, хуманитарни концерти… се само дел од се она кое што ми се случуваше изминатава година. Колку и јас да се трудев семејството трпеше и баш поради тоа решив да не прифатам ниту една понуда за новогодишната ноќ и максимално да се посветам на семејството. Пред само неколку дена со мојот сопруг прославивме десетгодишнина од брак, и за тој повод сакав да го изненадам целото мое семејство со патување низ Европа”, изјави Велевска за нашиот музички портал.

И покрај тоа што Велевска нема никаде да настапува, телевизиската публика ќе ужива во нејзината песна – новогодишното шоу кое таа го реализираше со ИН продукција кое ќе се емитува на Канал 5 телевизија во ударен термин, а веќе месец јануари е месец кој ќе биде посветен на промоција и промотивни настапи и концерти на новите песни и метеријали.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели