Нов дует на македонската музичка сцена – Ѓоко Јовиќ и Гоце Петрески (Видео)

Македонска

Популарниот македонски фолк пејач Ѓоко Јовиќ веднаш по враќањето од големата австралиска турнеја ја промовираше својата најнова песна која го носи насловот “Брате мили”, а е снимена во дует со колегата Гоце Петрески. На емотивната балада “Брате мили” како автори на музиката се потпишуваат самите Ѓоко Јовиќ и Гоце Петрески, текстот е на Орце Зафировски, додека за аранжманот се погрижи Дамир Имери. За песната е снимен и видео запис на неколку атрактивни локации во Сиднеј под режисерската палка на Беби и Омер од “М16” продукција.

Како потсетување, Ѓоко Јовиќ покрај македонските фолк песни неодамна во соработка со продукцијата “Гранд” претстави нов материјал наменет за балканската публика, а неговата песна “Сутра је нови дан” високо котира на топ листите на радио станиците во регионот.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели