Новата реклама на “Мекдоналдс” со песна од македонски издавач (Видео)

Светски познатиот бренд за брза храна “Мекдоналдс” искористи песна од каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика “Филтер лабел”, за реклама на нивните “маестро” сендвичи. Рекламата е наменета за телевизискиот пазар во Полска, а започна да се емитува денеска.

“The dust settles down” од рок-групата “The lovely Intangibles” е една од петте песни што “Филтер лабел” ги предложил и била прифатена со образложение дека: “совршено одговара на замислата на режисерот поради уметничкиот кул звук на бендот”. Музика од каталогот на македонската компанија досега се има појавено и во реклами на “Најки” и на “Филип Морис”, како и во повеќе серии и филмови, како “Никита”, “Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас” и во документарецот за “Матрикс”.

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...