Музика на кирилица

Новинарката Вале, втора од публика на “Канео фест 2014” (Фото)

Со песната “Време не се враќа назад”, дуетот Валентина Ѓоргиевска – Парго и Зоран Далчески го освоија второто место според гласовите на публиката во Долни Сарај, на тринаесеттото издание на фестивалот “Канео фест”. Имаме ексклузивна изјава од Валентина, кога минатата година на истиот фестивал освои Гран при и трета награда од жири.

Valentina Gorgievska Pargo“Почестена сум од наградата, особено што овој пат дојде од публиката, која претежно беше составена од млади луѓе. Јас и Зоран Далчески во дует ја испеавме веселата песна “Време не се враќа назад”. Автор е Горан Милошески, а текстописецот Цане Трајчески кој беше и награден за овој текст. На фестивалот имаше пријатна атмосфера”, вели Вале за музичкиот портал Музика24.

Valentina Gorgievska Pargo_3Таа екслузивно ни открива дека наградата Гран При и припаднала на Благица Хаџи Павловска, а првата награда од жири и од публика ја освоил младиот и талентиран прилепчанец, Ален Хасановиќ, професор по музика, со своја авторска песна и бил големо откритие на фестивалот. На “Канео фест” годинава првата вечер беа изведени народни песни, а на втората поп песни, а како гости настапиле Боби Мојсовски, Мартин Мила, Дарко Илиевски, Вили Котовски, а во улога на водители се појавиле и Лила Стојановска и Дамјан Дренковски. Организатор на овој традиционален музички фестивал е ТВ Морис од Охрид.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: