Музика на кирилица

Новиот видео спот “Либеро бенд” ќе го снимат во Шпанија

При крајот на минатата година, со промоцијата на песната “Твој сам”, момците од “Либеро бенд”, најавија интересна 2017-та година. Нова песна се очекува да биде промовирана наскоро, повторно со видео спотспот, но овој пат момците од бендот решија да го снимаат во Шпанија. Тие наскоро патуваат во Љорет де Мар, каде за Велигден ќе имаат настап.

“За Велигден сме во Шпанија каде по покана на една агенција ќе имаме настап пред млади од Македонија кои празниците ќе ги поминат во Љорет де Мар, а тоа ќе го искористиме да направиме и спот, кој ќе биде промовиран после нашето враќање од таму”, велат момците од бендот.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: