0

Охридските рокери “Backdoor band” со нова песна и видео спот (Видео)

Македонска

Неодамна познатите охридски рокери “Backdoor band” ја промовираа својата нова песна “Too many people” за која што истовремено промовираа и видео спот. Како што велат, најновата нивна песна е резултат на заедничката соработка помеѓу “Backdoor band” и со вокалистот на данскиот состав “Blended Brew”, Jimmy Linder Mansson кој воедно се потпишува и како микс и мастеринг за истиот сингл.

Видеозаписот е сниман на локација во Охрид. Од бендот изразуваат голема благодарност до сите кои го помогнаа реализирањето на овој видеозапис, посебно до Пеце Настески кој го изработи видеото за нивниот најнов сингл. Во периодот кој следува од бендот најавуваат промоција на нови видеозаписи за кој секако навремено ќе ве информираме.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели