Музика на кирилица

Освен новинарка и пејачка, Валентина Горгиевска Парго стана и актерка

На оваа фотографија веројатно веќе веднаш ја препознавте музичката новинарка Валентина Ѓоргиевска Парго, седната во централна позиција како кралица, а сигурно се прашувате кои се момците околу неа? Дилемата ни ја разјасни во телефонскиот разговор.

“Ако велите јас сум кралицата на фотографијата, тогаш овие момци се моите музички принцови, од разни страни на светот”, се насмеа Валентина. “Фотографијата е направена минатата година на Интернационалниот светски поп фестивал “Пироговски расвет” во Москва, еден од најдобрите во Европа. Имаше уште многу други пејачи, од Индонезија до Бразил, кои, ете, не биле во моментов кога се фотографиравме. Јас бев во жири, а Македонија во сите денови преубаво ја претстави нашиот поп пејач Игор Узунов. Друштвото ни беше фантастично, и ден денес контактираме како да сме заедно. Сте се согласивме дека се што ни се случуваше таму ќе ни остане засекогаш длабоко во срцата. Бевме како семејство тие денови. Има и документарен филм за таа заедничка недела. Бевме целосно препуштени во уживанција и разонода, а во паузите меѓу оброци и шетање, во големиот хотелски комплекс каде беа сместени и Олимпијците, си имавме свое катче, се собиравме, музбетевме, пеевме, и ни беше секојдневен ритуал заедничко кафе и колачи со организаторите Лео и Алекс. На крај, на завршната журка, и градоначалникот не сакаше да се раздели од нас, што на крај дури се збуна и се поздрави со зборовите See You last year! Тоа е сега нашиот меѓусебен поздрав, кога си пишуваме или се слушаме”, раскажа за Музика24 новинарката Парго.

Инаку, Валентина беше препознатлива по следењето на Евровизиите и ексклузивите што ги објавуваше врзани за тој фестивал. И сега се почесто е на меѓународни релации, не само како новинарка. Неодамна во Шведска и Данска, поточно во Малме и Копенхаген, се претстави и како глумица, каде заедно со Ранко Рангелов ги одлумија Тито и Јованка Броз. Таа последниве години за свој ќејф се претстави и како пејачка и глумица, а паралелно и како поетеса и писателка.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: