Музика на кирилица

По фолкерите на ред дојдоа и поп пејачите

По многубројните турнеји на нашите познати фолк пејачки имиња, најверојатно македонците во Австралија се презаситија од фолкот, па така младите македонци од таму организираат гостување на познати музички имиња од нашата македонска поп сцена. Во идниот период Лозано, ДНК, Слаткар и Симона Поповска ќе ја имаат таа привилегија да бидат едни од малкуте поп изведувачи кои ќе настапат во Австралија.

Перт, Сидеј, Мелбрун… ќе бидат само дел од градовите кои нашите познати поп пејачки имиња ќе ги посетат и секако ќе ги забавуваат нашите иселеници, односно младите македонци кои се желни да слушнат македонска популарна забавна музика. Како што дознава редакцијата на нашиот музички портал, овие неколку изведувачи на големо се подготвуваат и ги пакуваат своите кофери, но не за долго, бидејќи таму тие ќе останат неколку недели.

Музика24 преку своите дописници од Австралија ќе Ве известува за тоа како и на кој начин си поминуваат нашите музички имиња, односно како се забавуваат младите македонци родени и израснати во Австралија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: