Погледнете: Кој е автор на легендарната македонска песна “Каде сте Македончиња” (Фото)

Македонска

Веруваме дека сите од вас на многу наврати досега сте ја слушнале, а претпоставуваме и сте ја пееле по разно-разни настани и поводи македонската народна песна “Каде сте Македончиња”. Оваа песна всушност и има свој автор, а како нејзин прв изведувач можеме слободно да го споменеме Александар Сарев, познат македонски пејач.

Во тв емисијата “Исконски думи” која ќе се емитува на 30-ти јуни, односно, впеток на Телевизија Сонце, водителката Милева Лазова со авторот на песната Бранко Ѓоргиевски, нејзиниот прв изведувач Александар Сарев, како и музичарите и композитори Сашо Ливрински и Костадин Костадиновски ќе разговараат и дебатираат за македонската народна музика, како било некогаш а како е денес, за создавањето на македонските народни песни, како и за многу други теми поврзани со македонската народна песна.

Доколу ве заинтересира темата и барем малку сте љубопитни да дознаете нешто повеќе за македонската народна песна и создавањето на “Каде сте Македончиња”, не заборавајте да го вклучите вашиот тв приемник во петок на Телевизија Сонце со почеток во 21 часот и репризно во недела во 10.30.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели