Музика на кирилица

Даниел Кајмакоски со подарок до неговата мајка и сите фанови на Евровизија (Видео)

Гледањето Избор на песна за Евровизија е традиција длабоко вкорената во илјадници семејства ширум Европа. Почнувајќи од 1956-та година па наваму, возбудата да се проследат изведувачите од најразлични европски земји и да се гледа гласањето во исчекување на победникот, оставаше без сон милиони гледачи во таа долга, но магична саботна вечер. Од оваа пракса не беше исклучено и семејството Кајмакоски, па нашиот Евровизиски претставник Даниел е врзан со Евровизија уште од денот на неговото раѓање.

По желба на неговата мајка, вториот син во семејството Кајмакоски го носи името на тогаш популарниот пејач Даниел Поповиќ, којшто ја претставуваше Југославија на Изборот на песна за Евровизија во 1983-та година (годината на раѓање на Даниел Кајмакоски ) и го освои четвртото место со мегахитот “Џули”.

Danijel Kajmakoski_DzuliМајката на Даниел посакувала и нејзиниот син да стане пејач и еден ден тој да застане на Евровизиската сцена за својата земја. Триесет години подоцна нејзиниот сон станува реалност, а како благодарност за големата поддршка којашто му ја давала на нејзинот син во градењето музичка кариера, но и во чест на големиот шеесетгодишен јубилеј на Евровизија, Даниел и неговиот тим го најдоа вистинскио начин да кажат: “Благодарам за се!”. Како изненадување за сите фанови на Евровизија и најголемиот фан на Даниел, неговата мајка, Даниел Кајмакоски Ви подарува кавер верзија на „Џули“.

Подготви: Редакција Музика24

Фото: http://eurovision.danielkajmakoski.mk

Можеби ќе ве интересира: