Имам нешто да те прашам

По “Лесен удар” Игор Минарков соло на македонската музичка сцена (Фото)

Младиот и згоден дечко Игор Минарков, за кој музичкиот портал Музика24 пишуваше во многу наврати досега, освен како член на веќе постоечката група “Лесен удар”, тој статува со самостојна музичка кариера и наскоро, односно, на 4-ти јуни ќе ја промовира својата прва песна “Во твојот орман”, како и одлично подготвен видео спот за истата. Песната како што вели Игор е комерцијална, наменета за сите кои сакаат добар саунд, добро аудио, а истовремено да уживаат во истото, додека пак видеото кое го подготвуваше BMA Brothers и чии режисер е Мерт Арслан е нешто досега невидно на овие наши македонски простори, едноставно, видеото е токму онака како што сите посакуваат да го видат, светски и одлично спакувано во три минути.

А како е задоволен и што вели за својот нов почеток, нова песна и видео спот, ексклузивно за Музика24 Игор даде мало кратко интервју:

Музика24: Како си задоволен од твојата прва самостојна песна, снимањето на видео спотот?

Игор Минарков: Од песната сум презадоволен, се надевам дека на Вам ќе Ви се допадне. Истата ја снимив во Урбан Рекордс а песната комплетно ја подготви Андреј Тракер кој што се погрижи за мастерингот и миксот истовремено. Инаку, искрено, ова и не беше баш така лесно како што очекував. Целиот процес што се однесува до снимањето на видео спотот, беше доста макотрпен и бараше многу работа. Со режисерот Мерт сакавме да направиме нешто специфично, еротско, екцентрично, да го пласираме на Балканот и мислам дека успеавме. Роџер исто така имаше голема улога во снимањето на видео спотот, бидејќи ни ги обезбеди апартманите “Dali Apartments” за потребите и снимање на видеото.

Igor Minarkov_novo videoМузика24: Бидејќи имавме ексклузивна можност и прилика пред премиерно да го погледнеме видео спотот за твојата прва песна “Во твојот орман”, кажи ни ти лично, како си задоволен од она што денес претставува готов прозивод, односно, она што за неколку дена ќе биде промовирано пред македонската публика?

Игор Минарков: Јас знаев спотот како ќе изгледа уште пред да биде готов. Чувствував каде не носи проектов и мислам дека заслуживме цела екипа. Од BMA Brothers, до Небојша како шминкер, Александра како модел во спотот, Иван како светло мајстор, моите колеги од Урбан Рекордс… Сите ја остваривме нашата работа со полна сила.

Музика24: Што очекуваш од твојот нов почеток? Започнуваш нешто од ново, отвараш нова врата во твојот живот, односно, стартуваш сопствена музичка кариера. Што понатаму?

Игор Минарков: Очекувам целосна промена на македонската музичка сцена. Промена на звукот, влегување во нова 2015, new age зона, каде ќе просперираат талентирани музички нови артисти од улиците. Со почит за старите, но потребна е промена. А за мене лично, универзумот е тој што ме насочува. Не очекувам, создавам и работам.

Igor Minarkov_novo videoОстанува само да бидеме дел од големата промоција на овој млад и веќе докажан изведувач која ќе се одржи на 4-ти јуни во 20 часот во скопското кафуле “Дежаву” кое се наоѓа во Капитол Мол и заедно да уживаме како во новата песна, така и во екстравагантниот и одличен видео спот.

Подготви: Марија Поповска

Фото: Кристијан Ѓоргиовски

Можеби ќе ве интересира: